Во безредијата во Њукасл повредени тројца полицајци и 29 уапсени

Три полицајци се повредени во судирите со навивачите на англискиот фудбалски прволигаш Нуксасл Јунајтед во неделата во центарот на градот, откако „свраките” на својот стадион беа поразени со 0:3 од локалниот североисточен ривал Сандерленд, објави локалната полиција.

Поради безредијата коишто избувнаа кога домашните навивачи со шишиња и ѓубре ги нападнале гостинските кои биле на пат кон железничката станица, уапсени се 29 лица.
 Пет кола пред крајот на англиското првенство, Њукасл е 13-ти со 36 бодови, а Сандерленд со победата стигна на 15-то место со 34 бодови, додека 18-от Виган Атлетик кој се наоѓа во зоната на испаѓање на Премиерлигата, има 31 бод и два натпревара помалку.
Макфакс
Три полицајци се повредени во судирите со навивачите на англискиот фудбалски прволигаш Нуксасл

Пронајдете не на следниве мрежи: