Во Мериленд, 158 свештеници обвинети за злоупотреба на повеќе од 600 жртви

Истрагата на американските власти идентификуваше 158 римокатолички свештеници од надбискупијата Балтимор обвинети за сексуално и физичко малтретирање на повеќе од 600 жртви во изминатите 80 години.

Јавниот обвинител на Мериленд, Брајан Фрош, денеска објави дека неговата канцеларија го завршила извештајот од 463 страници за истрагата што започна во 2019 година и побара од судот да ја објави.

Во Мериленд, 158 свештеници обвинети за злоупотреба на повеќе од 600 жртви

„Жртвите со децении пријавуваа сексуална злоупотреба од католички свештеници, а Црквата со децении го прикриваше злоставувањето, наместо да бара одговорност од злоставувачите и да ги штити своите собранија“, напиша Фрош во поднесокот на судот.

Извештајот „Злоупотреба на свештенството во Мериленд“ идентификува 115 свештеници кои биле кривично гонети за сексуална злоупотреба и/или биле јавно идентификувани од страна на надбискупијата како „веродостојно обвинети“ за сексуална злоупотреба.

Во документот се спомнуваат уште 43 свештеници обвинети за сексуална злоупотреба, но надбискупијата јавно не ги идентификувала, се вели во судската пријава.

Во судската пријава се наведува дека се идентификувани повеќе од 600 жртви, но се додава дека „речиси сигурно има уште стотици, бидејќи годишниот извештај на Министерството за правда покажува дека повеќето случаи на сексуален напад не се пријавени“.

Злоупотребуваните лица вклучуваат и момчиња и девојчиња, од предучилишна возраст до тинејџери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.