Во оваа земја во месец август може да летувате за само 170 евра и никој нема да ви бара ПЦР тест

Loading...

Бидејќи како последица на пандемијата коронавирус на сила во земјите од ЕУ забранет е влезот на македонските државјани, се отвораат некои нови можности за летување.
Една од нив, барем што се однесува до земјите кои што физички ни се поблиску е Албанија.
Летување на југот од Албанија
Недалеку од грчкиот остров Крф се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради пандемијата коронавирус е избор за многумина.
Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини.
Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници.
Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат.
Колку чини летување во Саранда?
Поради моменталната ситуација со пандемијата коронавирус, ова албанско летувалиште е вистинска авантура.
Таму најевтината варијанта во приватно сместување за 4-члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра.
Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство.
Станува збор за резорт со 5 ѕвезди, кој што е 2 километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа.

loading...