АНИМА МУНДИ: ВО ПОРОЗЕН ПРАВЕН СИСТЕМ КАКОВ ШТО ЖИВЕЕМЕ, ЦЕНАТА ЈА ПЛАЌААТ ЖИВОТНИТЕ!

ВО ПОРОЗЕН ПРАВЕН СИСТЕМ КАКОВ ШТО ЖИВЕЕМЕ, ЦЕНАТА ЈА ПЛАЌААТ ЖИВОТНИТЕ!
❗️ Реагираме повод вчерашните објави за зголемен број напади на кучиња во државата и несреќната изјава на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за еутаназија на оние животни кои ќе се наведат како агресивни.
Велиме наведат, бидејќи искуствата ни докажуваат дека 95% од бездомните кучиња заловени во стационарите како такви, се мирни, социјализирани, игриви и вдомливи, но некој ги пријавил дека нападнале. Пријавени се без доказ кој би го поврзал конкретното животно со нападот, по изјава, често со траги кои укажуваат на повреда- но не и угриз, поткрепени со изјава од доктор дека станува збор за куче иако во голема мера тоа не може да се потврди.

❗️ Живееме во еден кородиран систем и во време на комплетен социјален крах, сиромаштија каде, во голема мера се користи секоја можност за стекнување финансиска корист особено во околности каде што лесно се лажира и обезбеди отштета од средствата на градот. Затоа е зголемена бројката пријави, затоа што исплатата од буџет, наспрема приватно тужење на сопственик е и те како поизвесна. Се извинуваме и искрено сочувствуваме со граѓаните кои навистина биле жртва на напад за ова тврдење, не ги ставаме никако сите во ист кош – но ова прашање мора итно да се третира, и секој случај поединечно темелно да се истражи, а институциите да сторат се од себе овој проблем да се стави под контрола:
1) преку најстроги забрани за напуштање, неконтролирано размножување и дефинирани одговорности, строги казни
2) наменат доволни средства за спроведување масовна и брза стерилизација на животните на улица.
Така се гледа грижата кон граѓаните, така се решава проблем кој е важен од етичка, здравствена, безбедностена, економска природа – а никако не со убивање на животните!

❗️ Со конкретните процеси/ тужби за напади од бездомно куче се бават на големо институциите на нашите соседни држави, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија – но не и Македонија – каде што се вршат детални проверки и истраги дали нападот се случил, во какви околности, дали на јавна или приватна површина, НАЈВАЖНО -дали е од бездомно или сопственичко куче. Се докажуваат лажирања, малверзации и во огромна мера утврдува дека кучето кое нападнало, има сопственик.
Кај нас, согласно нашето долгогодишно искуство на терен и светските искуства, тврдиме дека најголем број напади се од сопственички животни кои слободно шетаат на јавни површини. И сега, немасто по институциите кои не превземаат ништо, по неодговорните сопственици, кои пак се такви бидејќи законот за заштита и благосостојба во овој домен не личи на ништо – удри по кучињата.

❗️ Законот наместо да наложи провера за идентификација на животно (што е задолжително во судските процеси во околните земји), кај нас секое затекнато животно на јавна површина го третира како бездомно – воедно судот нема никаков интерес, не навлегува во тоа дали е исклучено дека животното има сопственик, а талка. Тоа се „бездомните кучиња“ кои напаѓаат, зошто бездомните, стерилизирани кучиња се генерално неагресивни, социјализирани, тоа е основен предуслов да преживеат на улица.

❗️Македонија не е изолиран оствов, постојат правила на игра кои не ги измислуваме ние , ако сакате да се третира, контролира, надмине проблемот со кучињата на улиците мора да се делува сестрано, сузбие коренот на проблемот, создаде прецизна законска регулатива, забрани за неконтролиран расплод, казни напуштање, регулирање на продажната дејност , подарувањето животни, и само исклучиво масовна и брза стерилизација на животните кои се на улица.
❗️ Анима Мунди со години предлага законски измени и укажува на важноста општините да обезбедат сигурни финансии за масовна стерилизација на животните, пари кои се влог за севкупна здравствена, безбедносна, комунална заштита и заштеда која ќе превенира напади и огромни економски загуби во иднина.

❗️ Почитувани новинари, медиумите се бескрајно важни за да ги актуелизираат овие проблеми, и ве повикуваме на совесност, свесност, етичност кога известувате по овие прашања. Кучињата на улиците се жртва на институционалнатна инертност и човековата негрижа, децениски убивани во Македонија на илјада и еден начин, по илјада и една основа.
Запрашајте се, ДОКОЛКУ УБИВАЊЕТО НЕКОГАШ И НЕКАДЕ БИЛО РЕШЕНИЕ, ЗОШТО ОВОЈ ПРОБЛЕМ ДО СЕГА КАЈ НАС НЕ Е РЕШЕН.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.