Во тешка сообраќајка кај Росоман еден загинат и петмина повредени

Loading...

Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол, изјавија очевидци за МИА.
Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило “Голф“ со битолски ознаки и џип “Мерцедес“ со велешки регистарски таблички. Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути. Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.
Полицијата, како ни службата за Брза помош од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот.

loading...