Вучиќ: сака да ја врати српската војска на Косово. Дали е тоа воопшто возможно?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со последните тензии на северот на Косово и рече дека ќе побара од КФОР српската војска да влезе во Косово.
Вучиќ: сака да ја врати српската војска на Косово. Дали е тоа воопшто возможно?

Вучиќ рече дека е усогласен текст кој ќе биде испратен до командантот на КФОР на Косово и со кој ќе се бара враќање на српските безбедносни сили на Косово.

„Одлуката на Владата, согласно она што денеска го договоривме со премиерот, ќе биде донесена во понеделник или вторник“, рече Вучиќ.

„Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН потврди дека на договорениот број на српски воен и полициски персонал ќе им биде дозволено да се вратат во Косово за да ги извршуваат своите функции, како што е наведено во Анекс 2. До денес, не се водени дискусии со КФОР во врска со враќањето на војската и полицијата на Република Србија“, рече Вучиќ читајќи дел од договорениот текст на барањето.

Тој посочи дека „нема илузии и знае дека ќе го одбијат тоа барање“.

„Правниот јазик овде е многу прецизен, па потоа ќе ги видиме следните чекори, но добро би било еден ден да не ни кажат дека никогаш не сме го побарале тоа и дека ниту една влада и никој никогаш не смеел да праша за тоа, затоа што нè држеа со секира над вашата глава и рекоа „ако го побарате тоа, завршивте“ и тогаш знаете дека ќе следи хибридна војна против вас и вашата влада“, рече Вучиќ.

Вучиќ во своето обраќање рече и дека испратил писмо до претседателите на владите на земјите од ЕУ кои не го признале Косово, во врска со тоа што Косово ќе поднесе барање за членство во ЕУ на 15 декември. Тој изјави и дека борбата допрва следи и дека од 17 декември ќе започне жесток притисок врз Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.