ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН ЈА ОСУДИ АНЕКСИЈАТА: Резолуцијата го потврди суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Украина

Генералното собрание на Обединетите нации со 143 гласа одобри резолуција со која на Русија и се вели дека анексијата на четири украински територии е нелегална и неважечка.

ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН ЈА ОСУДИ АНЕКСИЈАТА: Резолуцијата го потврди суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Украина

Од 193 членки на Генералното собрание, односно 143 земји, гласаа за резолуцијата со која се потврди суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, пренесува Sky News.

Четири земји и се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

Други 35 земји се воздржаа од гласање, вклучително и стратешкиот партнер на Русија Кина, додека останатите не гласаа.

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за припојување на четири украински територии кон Русија, завршувајќи ја анексијата на териториите и покрај меѓународните протести.

Ова уследи по референдумите во Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни и против меѓународното право.

Заедно со Крим, кој Русија исто така го анектира во 2014 година, Путин тврди дека има 22 отсто од територијата на Украина, иако точните граници на четирите анектирани територии се уште не се целосно јасни.

Во својот твит, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, резолуцијата ја нарече „историска“ и им се заблагодари на земјите што ја поддржаа.

Ова е четврта резолуција на Генералното собрание на ОН од почетокот на војната во Украина со која се осудува Русија за нападот врз таа земја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.