Германија: Во вооружен напад убиени четири лица, меѓу кои и дете

– Четири лица загинаа во вооружен напад во германската покраина Долна Саксонија.Во соопштението на полицијата и обвинителството се наведува дека вооружено лице утринава упаднало во куќа во градот Шејсел.Се наведува дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.Локалните медиуми тврдат дека осомничениот влегол во куќата на својата поранешна девојка.Тие наведуваат и дека осомничениот бил припадник на германските вооружени сили и се предал по нападот.За нападот е започната истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи: