Гром удри во врвот на Ајфеловата кула

Loading...

Ајфеловата кула во Париз беше погодена од гром кој донесе обилен дожд.
Камерата на париската метеоролошка веб страница го фати моментот во кој громот пред два дена ја погодува кулата. На фотографијата се гледа ако громот удира во врвот на познатата градба.
Ударот од громот го забележа и фотографот Бертранд Кулик, а фотографијата е објавена на сајтот „Рамбл“.

-Беше тоа електричен ден, времето беше апокалиптично. Бев во својот стан и прозорот беше отворен. Кога почна олујата, го фатив својот апарат во надеж дека ќе фатам барем дел од молњите, кажа Кулик. Тој додаде и дека ветерот и дождот биле толку силни што се чувствувал како да се наоѓа во средиште на олуја.

loading...
Loading...