Грузискиот парламент го усвои контроверзниот „руски закон“

Во завршниот чин, претставниците во Тбилиси го заобиколија ветото на проевропската претседателка Салома Зурабишвили. Таа рече дека законот кој бара од невладините организации финансирани од странство да се регистрираат како „странски агенти“ е руски „во суштина и природа“

Парламентот на Грузија денеска го усвои законот со кој се ограничува работата на невладините организации финансирани од странство и покрај масовните протести и претседателското вето.

Во завршниот чин, претставниците во Тбилиси го заобиколија ветото на проевропската претседателка Салома Зурабишвили. Таа рече дека законот кој бара од невладините организации финансирани од странство да се регистрираат како „странски агенти“ е руски „во суштина и природа“.

Грузискиот парламент го поддржа контроверзниот закон минатата недела и покрај големите протести во Тбилиси и повиците од Европската Унија и САД да не го прават тоа.

Илјадници Грузијци протестираа против законот, за кој стравуваат дека ќе го загрози патот на Грузија кон ЕУ и ќе ги замолчи организациите и медиумите кои ја критикуваат владата, како во Русија каде беше донесена слична мерка.

Но, владејачкото мнозинство на крајот одобри закон со кој се ограничува странското влијание врз невладините организации и го зајакнува надзорот врз нив и независните медиуми, кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање однадвор.

Грузиската влада смета дека предлог-законот е потребен за промовирање на транспарентноста, борбата против „псевдо-либералните вредности“ промовирани од странци и за зачувување на суверенитетот на земјата.

Предложениот закон го осудија САД, Европската Унија и други, поради неговите сличности со рускиот закон што претседателот Владимир Путин го користи за да го замолчи несогласувањето со официјалната политика и да ги задуши независните институции.

Масовни протести околу законот за „странски агенти“ во Грузија се одржуваа и минатата година. Во март лани грузиската владејачка партија соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот за „странски агенти“, откако во главниот град имаше големи протести и широки меѓународни критики.

Масовни протести во Грузија поради законот за странски агенти – полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите

Пронајдете не на следниве мрежи: