Грција очекува заздравување на туризмот на ниво пред кризата

Со враќањето на политичката стабилност во Грција, приходите од туризмот оваа години би можело да се врати на нивото пред кризата, бидејќи се очекува враќање на туристите од Германија, Велика Британија и Русија, проценуваат во грчкиот туристички сектор.Грција, како медитеранска земја сите надежи за заздравување ги положува во сончевите плажи и древните споменици, за да се извлече од длабоката рецесија. Туризмот за грчката економија претставува значителен извор на готови средства, со 17 отсто од удел во вкупниот бруто домашен производ (БДП) на земјата.Приходите од туризмот годинава може да се зголемат и до 10 отсто, на 11 милијарди евра, а се очекуваат рекордни 17 милиони гости, вели Андреас Андреадис, челник на главното туристичко тело во Грција, SETE.„Одиме кон рекордната година во поглед на туристичките доаѓања. Целиме на околу 11 милијарди евра директни приходи, а може тоа и да го надминеме“, вели Андреадис во интервјуто за Reuters.Доколку процените на SETE се покажат точни, доаѓањето на туристите би бил најголем до 2009 година, кога започна грчката должничка криза.Во меѓувреме, како што вели Андреадис, грчките хотелиери, сопственици на ресторани и туристички компании ги намалија своите цени и ги унапредиле услугите за во време на кризата да привлечат повеќе туристи.Букинзите за летово во Грција се зголемиле во Германија за 15 отсто, а во Велика Британија за 20 отсто, главно поради намалување на неизвесноста околу тоа дали оваа земја ќе остане во еврозоната, а и затоа што имало помалку насилни протести откако минатиот јуни на власт дојде нова влада чиешто опстојување се проценува како стабилно.Главните грчки конкуренти во туризмот се Шпанија, Хрватска, Турција и Египет, Политичката неизвесност и протестите во Египет дел од гостите ги насочуваат кон Грција, додава Андреадис. „Туризмот обично го погодуваат штрајковите и социјалните немири. Грција оваа година е многу мирна споредено со Италија, Шпанија и Португалија“, оценува Андреадис.Со децении популарната туристичка дестинација главно за Германците и Британците, Грција сега сé повеќе е привлечна за туристите од источна Европа. Дури 30 отсто е поголем бројот на туристи од Русија, што исто така ги зголемува грчките приходи од туризмот, вели Андреадис. Во 2012 годна речиси 900 илјади Руси ја посетиле Грција, трипати повеќе отколку претходните три години. Според податоците на грчката централна банка, тие нивниот удел изнесува 9,4 отсто до вкупните приходи на туризмот.Грчкиот туристички сектор го вработува секој петти жител на земјата во којашто стапката на невработеност достигна речиси 27 отсто, а економијата е во рецесија веќе шеста година по ред.
МакфаксСо враќањето на политичката стабилност во Грција, приходите од туризмот оваа години би можело да се врати на нивото пр

Пронајдете не на следниве мрежи: