ДАЛА ПАРИ И НАКИТ НА ГАТАЧКА ЗА ДА ЈА ЛЕЧИ: И тогаш ја сфатила горчливата вистина

Здравствените маки и другите проблеми често може да ги туркаат луѓето на разни „алтернативни методи“ за решавање на тие проблеми, а на тој пат тргнала и жена (58) од областа Мошќеничка Драга.

ДАЛА ПАРИ И НАКИТ НА ГАТАЧКА ЗА ДА ЈА ЛЕЧИ: И тогаш ја сфатила горчливата вистина

Жената (58) летово се сретнала со гатачка и и дала пари и накит, но кога сфатила дека останала без даденото, а здравјето не и се подобрило, а богатството не и стасало на врата, сфатила дека била измамена.

Здравствените поплаки и други проблеми често можат да ги турнат луѓето на разни „алтернативни методи“ за решавање на тие проблеми, а на тој пат тргнала и жена (58) од областа Мошќеничка Драга, пишува 24 sata.hr.

55-годишната жена ја сретнала во јули во месноста Мошќеничка Драга и во текот на разговорот и понудила алтернативен начин на лекување.

Искористувајќи ја довербата и здравствената состојба на 58-годишната, таа со денови гатала и пророкувала за нејзиното добро здравје, богатство и благосостојба, а услугата „третман“ ја наплатувала во пари и накит во вредност од најмалку четири илјади куни (околу 500 евра).

Но, кога жената (58) сфатила дека останала без пари и накит, а здравјето не и се подобрило, ниту „ гатаното богатство ѝ стигнало на врата“, ја пријавила гатачката во полиција.

Полицијата преку кривична истрага ја пријавила 55-годишната жена во надлежното државно обвинителство за измама.

Полицијата поради овој случај повторно ги повика граѓаните да не им веруваат на лажните исцелители, надрилекарите и на сите други лица кои користат лаги и примитивни методи за да остварат материјална корист на сметка на наивните и сиромашни граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.