Далиќ не може да смета на важен фудбалер за мечот со Мароко

Хрватска утре против Мароко со почеток од 16 часот ќе се бори за бронзениот медал од Светското првенство, а селекторот Златко Далиќ нема да може да смета не бекор Јосип Јурановиќ.

Хрватскиот бек кој настапува за Селтик, Јосип Јурановиќ имаше одлично Светско првенство се до мечот со Аргентина.

 

Тој одигра 70 минути против Аргентинците и покрај повредата на потколеницата.

 

Информациите велат дека Јурановиќ нема да игра против Мароко поради таа повреда. Во наредните денови ќе биде надвор од теренот.

 

По враќањето во Селтик ќе зборува со шкотскиот клуб за неговата иднина бидејќи се очекува дека ќе стигнат голем број на понуди за него. Неговата партија против Бразил беше импресивна.

Пронајдете не на следниве мрежи: