Дали се изрекетирани над 7 милиони евра во аферата рекет?

Loading...

Што и посведочил Боки Тредичи или 13ка на Вилма Русковска на 20ти декември? Веќе на големо се зборува низ медиумите за огромни суми, наводно изрекетирани над 7 милиони евра. Боки се чини и кажал каде завршиле парите. Ова го сторил Боки откако сфатил дека е фигура која откако ќе ја заврши работата брутално ќе биде жртвувана.
Боки Тредичи наводно во Лептокарија ги предал парите на братот на Заев. За поткрепа на овие тврдења Боки 13 ја упатил обвинителката на поголем обем снимени аудио и видео материјали кои го потврдуваат неговиот исказ од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансиска полиција Арафат Мурати. Боки доброволно ги предал шифрите од неговите телефони за истите да бидат отворени и да може да се користи материјалот од нив во истрагата. 
Исказот според се што е кажано бил над 30 страници и се очекува потврда од обвинителката дали навистина се ова што се зборува во јавноста е вистина. Дали ова ќе значи отворање на нови обвинувања засега е нејасно. Како и да е, како што може да се слушне се работи за над 7 милиони евра незаконски земени пари.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...