Дачиќ: И натаму мислам дека поделбата е најдоброто решение за Косово

Loading...

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во четврток изјави дека смета оти поделбата на Косово и разграничувањето со косовските Албанци е најдобро решение.
Дачиќ рече дека во Брисел упорно повторуваат дека не сакаат нова Република Српска на Косово, но и дека никој тоа не го бара.„Власта во Србија пресече, направи компромис. Не ми даваат повеќе да зборувам ниту за поделба, ниту за разграничување, иако и натаму сметам дека тоа е најдобро и единствено можно решение, односно единствено што е прифатливо и за Србите и за Албанците“, рече Дачиќ пред новинарите во Народната библиотека на Србија.Тој додаде дека Србија сторила сè нудејќи заедница на српски општини, која, како што наведува, би била дел од приштинскиот систем, но дека сега ниту тоа не е доволно и дека Приштина бара заедницата на српски општини да нема никакви надлежности, што е неприфатливо.
МакфаксСрпскиот премиер Ивица Дачиќ во четврток изјави дека смета оти поделбата на Косово и разграничувањето со косовск

loading...
Loading...