ДЕНЕС Е СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ – ОВИЕ РАБОТИ НИКАКО НЕ ГИ ЗЕМАЈТЕ ВО РАКА ДЕНЕС

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денес е 13 ноември.
Се прославува Св. Јован Златоуст.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа.
По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

ДЕНЕС Е СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ – ОВИЕ РАБОТИ НИКАКО НЕ ГИ ЗЕМАЈТЕ ВО РАКА ДЕНЕС

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата.
Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан.

Се смета дека денес не се важни парите и материјалните нешта, туку нешто друго. Денес секој верник треба да земе книга во рака, и да прочита барем дел од неа.
Не смеат во рака да се земат конци, волна и игли. Светецот не сака денес на неговиот празник да се работи, туку сите подеднакво да уживаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.