Добра вест: се намалува акцизата на бензините, утре нови цени

Loading...

Добра вест: се намалува акцизата на бензините, утре нови цени

РКЕ денеска соопшти дека акцизата за бензините од три ќе се намали на два денари. Оваа намалување е пресметано и во најновите цени кои што регулаторот ги објави денеска, а кои што ќе важат од полноќ.

Бензините 95 и 98-та се намалуваат за 1,5 денари за литар, и ќе се продаваат за 60 односно за 62 денари за литар. Додека цената на дизелот се намалува за половина денар на секое наточено литро на бензинските пумпи и ќе изнесува 53 денари.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...