Доколку заминуваат од Белата куќа, тогаш тоа го прават со висок стил: Иванка и Меланија ги чекаат резултатите стилизирани за 10-ка

Loading...

Сè уште актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, и советничката и ќерка на Доналд Трамп размислувале на ист начин додека се подготвувале за одењето во изборниот штаб.
Додека Америка ги брои гласовите од претседателските избори и се прашува дали уште четири години во Белата куќа ќе го гледа Доналд Трамп (74) или пак ќе го надгласа три години постариот Џо Бајден, моменталната прва дама на Америка и високата советничка на Трамп стојат покрај сопругот и татко, како и вообичаено воодушевувајќи ги сите со својот стил.


Актуелниот претседател и претседателски кандидат, денеска се обрати во јавноста и изјави дека тој е победникот на изборите, и најавил дека треба да се запре понатамошното броење на гласовите.


Покрај него во текот на неговото нетипично обраќање стоела сопругата Меланија Трамп, која што вообичаениот миди-фустан го заменила со црно одело. Таа избрала да носи панталони со рамен крој и тенко сако под кое што облекла бела кошула, а тука е и нејзиниот заштитен знак – црните класични салонки со вртоглава потпетица.

loading...