Долго време негираше за естетските зафати – Пејачката претерала со ботокс

Loading...

Пејачката Никол Шерцингер (40) веќе долго време важи за една од најпосакуваните жени на светот, меѓутоа новите фотографии покажуваат дека и таа разочара со истото како и многу други славни убавици.
Иако Никол има прекрасна, природна убавина, желбата за младешки изглед започна да ѝ се покажува на лицето. Неодамна пејачката беше фотографирана на една хуманитарна акција во Лондон, а сите присутни гледале во неа и биле прилично изненадени.

 
Имено, Никол очигледно премногу користела ботокс, па нејзиното лице било непрепознатливо. Со оглед на тоа дека долго време се шират гласини дека Никол подлегнува на естетски зафати, зголемување на гради, смалување на носот и зголемени усни, таа негира, но овој пат ботоксот беше повеќе од очигледен.
“Никогаш не сум правела естетски зафати, што значи и дека нема да правам во иднина. Но, секогаш постои можност дека ќе се предомислам”, рекла во едно интервју пејачката.

loading...