Евијан го елиминира ПСЖ, Ибрахимовиќ промаши пенал

Фудбалерите на Евијан направија вистинска сензација во четвртфиналните пресметки во Купот на Франција, откако успеаја да го елиминираат фаворизираниот Пари Сен Жермен.Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши со резултат 1:1 – Пасторе беше стрелец за ПСЖ, додека за Евијан погоди Келифа.ПСЖ продолженија ги заврши со играч помалку, откако поради груб старт беше исклучен Тијаго Мота.Во пенал серијата повеќе нерви имаа играчите на Евијан кои четирi пати беа прецизни, додека екипата на ПСЖ постигна само еден гол – во пенал серијата за ПСЖ не беа прецизни најголемите ѕвезди Ибрахимовиќ и Тијаго Силва.Пласман во полуфиналето избори и екипата на Бордо, која во Ланс победи со 3:2.Во полуфиналето на францускиот Куп ќе играат Троа-Бордо и Евијан-Лоријен, натпреварите ќе се одиграат на 7. и 8.мај.
МакфаксФудбалерите на Евијан направија вистинска сензација во четвртфиналните пресметки во Купот на Франција, откако успеаја

Пронајдете не на следниве мрежи: