Европската агенција за храна: Црвите се безбедни и богати со протеини, може да се консумираат

Loading...

Реномираниот медитерански начин на исхрана и францускиот „bon gout“ (добар вкус) добија конкуренција, бидејќи Европската агенција за безбедност на храна објави дека црвите се безбедни за јадење.
Агенцијата, со седиште во италијанскиот град Парма, денеска објави дека е научно потврдено дека сувите жолти црви се безбедни за јадење – цели или во форма на прав. Се додава дека црвите се богати со протеини и можат да бидат состојка за други јадења.
Се наведува дека некои алергиски реакции можат да се појават во зависност од видот на храна што им се дава на инсектите, официјално познати како Тенебрио ларви.
Но, генерално се заклучува дека овој нов вид на храна е безбеден во согласност со предложената употреба.
Обединетите нации објавија нешто слично во 2013-та година. Агенцијата за храна и земјоделство на ООН изјави дека инсектите се јадат затоа што имаат малку маснотии, многу протеини и се добри за исхрана на луѓето, домашните миленици и добитокот, а помагаат и во исхрана на изгладнетите.

loading...