Егзотични, поховани смокви

Loading...

Состојки
4 смокви
1 јајце
2,3лажици брашно
За обложување
2лажици кокос
2лажици презла или мелени бисквити
2лажици мелени ореви
2лажици сусам
цимет, морско оревче…
сончогледово масло за пржење

Подготока:
1. Прво на смоквите им ги отстрануваме дршките. Ги миеме. Но не ги просушуваме, со цел подобро да се обложат со брашното.
2. Потоа ги валкаме во изматено јајце, во кое може да се додаде и ванила. Во сад ги соединуваме сите состојки за обложување. Убаво секоја смоква ја обложуваме. Постапката ја повторуваме, сега прво во јајце, па во смесата за обложување.
3. Во тесен сад загреваме масло на многу тивок оган. Внимателно ги пржиме благо да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфетки, па ги сервираме. Несекојдневно, но превкусно предјадење.
Пробајте.

loading...
Loading...