Естетски корекции по 40-тата

Loading...

Вашата кожа, без разлика дали сте слаби или полнички е одраз на вашиот животен стил. Вашиот изглед 50 насто е резултат на годините кои ги имате, а преостанатите 50 насто ги диктира вашиот начин на живот.
Наполнивте 40 години, и вашата кожа почнува да ги губи еластичноста и затегнатоста. Овие промени се резултат на намаленото ниво на естроген и се поврзуваат со наближувањето на менопаузата. Кожата ви станува се посува, и ви се појавуваат дамки и брчки. Како последица на мимиките на лицето се повидливи ви стануваат брчките, па ви се потребни третмани кои го поттикнуваат создавањето на колаген.
Antiage, микродермоабразија и ултразвучен третман
Лицето продолжете да го чистите на истиот начин како и до сега, но почнете да употребувате побогати козметички производи и да применувате antiage третмани. Идеална комбинација се микродермоабразија и ултразвучен третман со што се постигнува ефект на лифтинг, се подобруваат текстурата на кожата, тонусот и еластичноста.
Ботокс
Одлично делува на брчките на челото, со правилна примена ќе добиете привлечен изглед и искрен поглед, но мора да внимавате да не претерате. Многу е важно третманот да го изведе сручно лице, кое ќе ја процени големината на вашите мускули и ќе ја одреди количината на ботокс кој ви е потребен.
Абдоминопластика
По 40-тата повеќето жени веќе родиле едно-две деца, и нормално е да чувствуваат промени на своето тело, и да сакаат да разубават и затегнат одредени подрачја. Кај жените кои имаат вишок на кожа на стомакот, по породувањата или губење на одреден број на килограми абдоминопластика или tummy tuck е идеален оперативен зафат со кој се враќаат природниот и затегнат стомак. Доколку е потребно истовремено може да се направи и липосукција на останатите делови на телото.
Подигање на градите
Бременостите, доењето и силата на гравитацијата со текот на годините делуваат на изгледот на женските гради. Со губењето на еластичноста на кожата градите го менуваат својот изглед и цврстина, па почнуваат да се спуштаат. Подигање на градите е хируршка метода со која на градите им се дава нов изглед и цврстина.

 

loading...