Ефес избори ‘мајсторка’ против Олимпијакос

Кошаркарите на Анадолу Ефес се изборија за ‘мајсторка’ во четвртфиналната серија со Олимпијакос, откако во четвртиот меч на домашен терен забележаа победа со 74:73.Играчите на Олимпијакос, чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ, беа на чекор до обезбедување пласман на завршниот турнир, но во последните 90 секунди не успеаја да ја сочуваат предноста од седум поени.Имаше Олимпијакос предност од пет поени и напад на 50 секунди до крајот, но ниту тоа не му беше доволно на неговите играчи да забележат победа. Фармар во последната минута го иницираше пресвртот, а победата на Ефес му ја донесе Лукас на две секунди до крајот на мечот.Перо Антиќ го одигра најлошиот натпревар во четвртфиналната серија, за 12 минути на паркетот не постигна ниту еден поен (0/3 за три), во статистиката тој запиша само два скока и една асистенција.Фармар со 15 поени и Савановиќ со 12 поени и шест скока го предводеа Ефес до победата, додека кај Олимпијакос се истакнаа Ејси Ло со 15 и Папаниколау со 14 поени.Решавачкиот натпревар од оваа серија ќе биде одигран идната среда во Атина.
МакфаксКошаркарите на Анадолу Ефес се изборија за ‘мајсторка’ во четвртфиналната серија со Олимпијакос, откако во

Пронајдете не на следниве мрежи: