Жалба поради финансискиот фер-плеј

Loading...

Белгискиот адвокат Жан-Луј Дипон во Европската комисија ја обжалил одлуката на УЕФА од следната сезона да ригорозно да ги применува правилата на Финансискиот фер-плеј (ФФП).Со овој правилник УЕФА има намера да обезбеди намалување на разликата во финансиската моќ помеѓу европските клубови. Во случај на непочитување на ФФП ќе следуваат казни, а една од поригорозните е елиминација од континенталните натпреварувања.Дипон, кој пред 18 години бил дел од адвокатскиот тим кој во судницата победи во „случајот Босман“, смета дека ФФП ја ограничува конкуренцијата.„Во практика тоа значи дека  на сопственикот на клубот ќе му биде забрането да вложува пари, дури и во случај тоа да придонесува за дополнителен раст и развој на клубот“, рекол Дипон.Според него, воведувањето на ФФП, ќе придонесе за намалување на инвестициите во клубовите, а на водечките европски екипи ќе им биде тешко да го сочуваат сегашните позиции.Исто така, тој се согласува дека новиот правилник на УЕФА ќе им ги намали приходите на фудбалерите и нивните менаџери.Европската комисија потврдила дека ја добила жалбата на Дипон.
МакфаксБелгискиот адвокат Жан-Луј Дипон во Европската комисија ја обжалил одлуката на УЕФА од следната сезона да ригорозно да

loading...
Loading...