Заборавен специјалитет од 5 СОСТОЈКИ кои ги има СЕКОЈ, а готов е за 3 МИНУТИ – Специјалитет во бивша Југославија

Попара, качамак, помфрит, кох, шненокле, сутлијаш, гриз со млеко, пројара, гибаница, пропеќ, штрукле – ова се само дел од стотиците специјалитети кои го одбележаа сечие воспитување во поранешна Југославија.

Некои се многу актуелни и денес и со задоволство ги подготвуваме, додека некои едноставно се „заборавени“ во налетот на бројни нови вкусови и рецепти од различни кујни ширум светот. Една од нив е таканаречената пита фрижидер, едноставно јадење за кое ви се потребни наједноставните состојки кои речиси секое домаќинство ги има во кујната.

Можеби ќе ве интересира
Цел свет полуде по овој рецепт: веројатно никогаш не сте пробале ВАКВ помфрит и ќе ве воодушеват

Заборавен специјалитет од 5 СОСТОЈКИ кои ги има СЕКОЈ, а готов е за 3 МИНУТИ – Специјалитет во бивша Југославија


Интересно е што овој специјалитет се нарекува различно во зависност од регионот каде се прави, па е познат и како муќница, леџибаба, баба-лежа, опаруша, базламача… Се подготвува за појадок или вечера, се пече во рерна. и вклучува слични состојки како палачинки, но војводинците, на пример, ги прават и со компири.

Овој пат ви го пренесуваме најкласичниот рецепт за ладњача, а во коментар кажете ни каков рецепт за овој специјалитет наследивте од вашата мајка или баба.

Потребни состојки:
5 јајца
1 лажичка сол
500 мл млеко
20 полни лажици брашно
6 лажици масло
Подготовка:
Јајцата се матат, па се додаваат солта, млекото и брашното и сето убаво се меша со миксер. Намачкајте ја тавата со две лажици масло, па истурете ја смесата со брашно и јајца. Смесата прелијте ја со четири лажици масло. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.