Денес во 16 часот премиерот Зоран Заев во Владата ќе се сретне со претседателот на опозициската Беса, Билал Касами и ќе се обиде да го убеди да ги поддржи уставните измени. Имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во расправата се очекува дека процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа ќе заврши успешно и порано од предвидениот датум за гласање на амандманите предвидено за 15 јануари.
Премиерот вчера изрази оптимизам дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство, но дополни и дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето. Тој, исто така, најави дека од опозициските лидери на Беса и на Алијансата за Албанците, Касами и Села очекува сериозност и одговорност, односно поддршка на интеграциските процеси.
Пронајдете не на следниве мрежи: