ЗАКАНА: Шефот на групата Вагнер испрати „крвав“ чекан до Европскиот парламент

Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во четвртокот наутро испрати чекан прекриен со лажна крв до Европскиот парламент. На овој начин сакаше да одговори на потегот на европските парламентарци кои во средата гласаа Русија да се прогласи за државa спонзор на тероризмот, а Вагнер да се вклучи во листата на терористички организации.

ЗАКАНА: Шефот на групата Вагнер испрати „крвав“ чекан до Европскиот парламент

На чеканот имало амблем на Вагнер, а рачката била извалкана со лажна крв. Чеканот на Пригожин, кој бил спакуван во кутија за виолина, го испрати по својот адвокат, кој го остави пред капијата. Видеото од предавањето е објавено на каналот на Телеграм „Греј зона“, пишува „Џерусалим пост“.

Вагнер е приватна платеничка воена група блиска со Кремљ. Тие се познати по учеството во најжестоките битки за клучните области во војната со Украина. Иако се сместени во Европа, познато е дека се борат во Сирија, како и во Северна и Субсахарска Африка.

Пригожин рече дека одржал состанок со командантите на групата Вагнер и дека тие одлучиле да го прогласат Европскиот парламент за „распуштен“. Инаку, претходно во ноември, на социјалните мрежи кружеше видео од егзекуција со чекан на руски војник кој пребегнал на украинската страна. Проруски блогери рекоа дека тоа е одмазда за неговото наводно предавство.

Жртвата на инцидентот со чекан била киднапирана во Киев и пренесена преку државната граница, пред да биде убиена со повеќе удари од чекан во главата и вратот. Жртвата, идентификувана како 55-годишниот Јевгениј Нужин, во видеото ги кажува своите последни зборови и детално опишува како бил фатен и најавува што ќе се случи.

„Бев удрен по глава и изгубив свест, па дојдов во овој подрум. Ми рекоа дека ќе ми судат“, вели Нужин на видеото. Веднаш потоа добива неколку удари од непознат маж во камуфлажна облека. Откако паѓа на подот, непознатиот маж повторно го удира во главата.

Европскиот парламент тврди дека Русија го прекршува меѓународното право со своите воени напади врз цивилни цели како што се енергетската инфраструктура, болниците, училиштата и засолништата. Сепак, иако Русија беше прогласена за држава спонзор на тероризмот во средата, потегот е главно симболичен бидејќи Европската унија нема воспоставена правна рамка за спроведување на правни мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.