Ибраими: Верувам во позитивен резултат против Белгија

Loading...

Најдобриот македонски фудбалер во странство за 2012 година, Агим Ибраими, во пресрет на квалификацискиот натпревар против Белгија, на противникот му ја препушта фаворитската улога, но верува во своите и можностите на соиграчите дека имаат сили да изборат позитивен резултат.„Нормало е дека Белгија е фаворит, но ние треба да се потрудиме максимално да го одиграме овој натпревар. Играчите на Белгија играат во силни клубови, но во позитива сме и ние затоа што и ние играме добро во нашите екипи – тие се луѓе и ние сме луѓе, ќе дадеме сé од себе, не треба да нé понесе некоја еуфорија од тоа што победивме на последните четири натпревари. Треба само да ја играме нашата игра, како што ја игравме и досега и да ги искористиме нашите можности за гол. Доколку ги искористиме ќе забележиме позитивен резултат“, изјави Ибраими по промоцијата на иновативната ’m-banking’ мобилна апликација на Стопанска банка.Ибраими последните натпревари во дресот на репрезентацијата ги одигра во врвна форма, на последните четири средби тој постигна исто толку погодоци, но и покрај тоа дел од навивачите постојано го навредуваат. Вели дека се обидува да ги игнорира скандирањата на хулиганите.„Кога играме за репрезентацијата на Македонија не се гледаме кој од која националност и вероисповед е. Исто е и во клубовите, сите сме различни играчи и таму сме сите како една фамилија. Истото важи и за репрезентацијата. Нашата работа е максимално да се обидеме на секој натпревар да одиграме добро и да не ги слушаме скандирањата на хулиганите од трибините.“И покрај одличната форма, напаѓачот на Марибор не се гледа себеси како лидер на репрезентацијата, таа улога, според него ја има Горан Пандев.„Лидер на репрезентацијата е Пандев, тој е легенда и јас сум среќен што играм заедно со него, би рекол дека сите заедно сме една добра ’клапа’ и посакувам заедно да забележиме нови успеси“, рече Ибраими.Македонската репрезентација, во понеделникот ги започна подготовките за квалификацискиот меч со Белгија, кој ќе се одигра в петок со почеток во 20:45 часот. Селекторот Чедомир Јаневски на првиот тренинг, кој е закажан за 18 часот на Националната арена „Филип Втори“ на располагање ќе ги има сите повикани играчи.
МакфаксНајдобриот македонски фудбалер во странство за 2012 година, Агим Ибраими, во пресрет на квалификацискиот натпревар про

loading...
Loading...