Идеја за ручек: Рижото со тиквички и сланина

Loading...

Потребни состојки:
250 г ориз
Малку масло
Сол и бибер
1 поголема тиквичка
100 г сланина
Магдонос
1 кромид
1 морков
Супа од зеленчук
Начин на подготовка:
Излупете ја тиквичката и исечкајте на коцки, а исечканиот кромид и морковот и пропржете ги на малку масло, па додајте ја посната супа од зеленчук. Оставете да се вари, па додајте ги тиквичките. Откако ќе омекнат, додајте го оризот, уште супа и оставете да се динста. Пропржете ја исечканата сланина во тава без масло и откако ќе добие убава боја додајте ја во оризот. Динстајте додека да омекне оризот.

loading...