ИКАС 2013 ќе се одржува викендов на Матка

Викендов на Матка, по 45-ти пат ќе се одржи ИКАС 2013, традиционалната трка во кајак слалом. Агенцијата за млади и спорт за организација на овој спортски настан обезбеди 600.000 денари.„Поголем дел од овие средства ќе бидат искористени за реновирање на кајакарскиот центар во Матка, бидејќи следната година Кајакарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство за јуниори до 18 години и сениори до 23 години“, рече директорот на АМС, Лазар Поповски.Јуте Меглич од Словенија, спред резултатите и минатиот труд (трето место на ЕП во 2010, прво место на ЕП 2011, двоен светски првак во тимски возења 2009 и 2011 година) е главен фаворит на трката.Македонија на ова натпреварување ќе ја претставуваа Огнен Вражански, Љубомир Спасиќ, Игор Стефановски кој минатата година го освои третото место, Борче Мирчески и Иван Делиев. Македонската репрезентација како тренер ќе ја предводи Атанас Николовски.„Кајакарската федерација на Македонија одлучи оваа година јас да ја преземам репрезентацијата и да ги водам овие млади кајакари на престојните светски и европски првенства. Јас нема да настапам на Илинденскиот кајак слалом и на натпреварите кои се предвидени за оваа година“, рече Атанас Николовски.ИКАС 2013 се бодува за Светската серија на меѓународната кајакарска федерација.На ИКАС 2013 ќе учествуваат околу 90 натпреварувачи од осум држави (Македонија, Босна и  Херцеговина, Србија, Грција, Словенија, Турција, Франција и Хрватска).Свеченото отворање на ИКАС 2013 ќе биде во сабота во 11 часот, а половина час подоцна ќе стартуваат квалификациите, прво и второ возење во сите категории.Полуфиналните возења ќе започнат во недела во 12 часот, додека финалните трки ќе се возат истиот ден од 13:30 часот.За сите заинтересирани ЈСП обезбеди бесплатен превоз, автобусот број 60, во сабота и во недела ќе тргнува од Транспортниот центар (8:45, 9:30, 10:30 часот), а враќањето ќе биде во 15:30 часот.
МакфаксВикендов на Матка, по 45-ти пат ќе се одржи ИКАС 2013, традиционалната трка во кајак слалом. Агенцијата з

Пронајдете не на следниве мрежи: