Илир Мета планира формирање на трет политички блок во Албанија

Loading...

Поранешниот албански премиер Илир Мета, актуелен лидер на партијата Социјалистичко движење за интеграција кое е дел од владејачката коалиција, најави формирање на трет политички блок.

Мета изјави дека Албанија не смее да остане на политичка позиција земјата да ја води само една мнозинска партија, бидејќи тоа, како што рече, не е добро за демократијата.
Тој не спомена кои од партиите би можеле да го формираат третиот блок, но рече дека тоа треба да бидат партии кои ќе се грижат за спроведување на реформите за интеграција на земјата во Европската унија(ЕУ).
Партијата на Мета, иако е со лева ориентација, коалицира со десничарската Демократска партија на премиерот Сали Бериша.
Мета во последно време критикуваше и некои владини функционери заради користењето на националистичка реторика, за која оцени дека е штетна за Албанија.
Макфакс
Поранешниот албански премиер Илир Мета, актуелен лидер на партијата Социјалистичко движење за интеграција кое е дел о

loading...