Импресивна победа на МЗТ против Задар

Loading...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа 12-та победа во АБА лигата откако во 23.коло, убедливо го поразија Задар со 94:69.МЗТ до победата дојде со фуриозна игра во втората половина од второто полувреме. Натпреварот се до 27.минута беше израмнет, а потоа избраниците на Алеш Пипан за четири минути направија серија од 13:0 за позитива од 73:60, а противникот го скриша во периодот од 33. до 38.минута го со серија од 15:0 стигнаа до предност од 90:66.Ѓорѓи Чековски со 29 поени го предводеше МЗТ до победата,а Тодор Гечевски имаше учинок од 25 поени и осум скока, за индекс на успешност 34, со што ја истакнува кандидатирата за најкорисен играч во ова коло во АБА лигата.Покрај Чековски и Гечевски, со двоцифрен ефект мечот го заврши и Дамјан Стојановски кој постигна 14 поени.Мечот против Задар беше последен кој МЗТ го одигра со хрватските тимови оваа сеозна – македонскиот првак против Цибона, Цедевита, Задар и Сплит забележа седум победи и само еден пораз (Сплит).МЗТ во следното коло, на 10.февруари ќе гостува кај унгарскиот преставник Сонлок.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа 12-та победа во АБА лигата откако во 23.коло, убедливо го поразија Зад

loading...
Loading...