Исчезнал Наум Петревски во водите близу Сиднеј

Loading...

Големата љубов кон риболовот на фолк легендата Наум Петрески по се изгледа го однесе во преголем ризик. Естрадаплус објавува дека и покрај силното невреме и големите бранови крај австралискиот океан тој со своите блиски пријатели замина на ловење риба.Притоа како што информираат од таму, на нивната јахта се пројавил некој дефект при што се губи нивната трага. Невремето ја однело јахтата во непознат правец и во моментов трае нивната потрага. Во јахтата има пет лица меѓу кои и Наум Петрески и Стив од позната група „Куку леле“, како и блиски нивни пријатели. Овие фотографии се направени непосредно пред нивното поаѓање, како и дел од првите улови на риба. Потоа им се губи секаква трага. Се прават напори за нивно брзо пронаоѓање, пренесува Естрадаплус.
Извор: Естрадаплус

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...