Каква идила!: Прекрасна дрвена колиба од која со задоволство би ги гледале првите снегулки

Loading...

Ако не сте го виделе тоа со свои очи, денеска сигурно некаде ќе наидете на информација дека снегот веќе пристигна на Балканот. Зимата е пред нашите врати, декември започна, Божиќ е сè поблиску и воопшто не е невообичаено што веќе пристигнаа првите бели снегулки.
Денеска им ја посветуваме оваа статија на оние кои малку помалку го сакаат снегот, но сакаат да уживаат во него. А има ли нешто подобро од гледањето снегулки додека седите завиткани во ќебе покрај вашиот прозорец? Замислете сега дека тој прозорец е дел од некоја колиба опкружена со идилична природа…
Додека фантазирате за едно такво место, на овие фотографии може да погледнете во една планинарска колиба чиј ентериер изобилува со дрво, а погледот е насочен кон прекрасните планини. Лесно е да се замисли како во неа ги минуваме студените зимски денови додека гори оган во каминот, а грееното вино ги грее нашите раце.
Уживајте во фотографиите:

loading...