Како pH вредноста на водата за пиење го чува вашето здравје?

Совршената pH вредност ја најдовме кај природната изворска вода MaYa, која извира од длабоките подземни планински извори во недопрената природа на Дебарскиот Регион.
Оваа кристално чиста вода од еден од еколошки најчистите региони во светот има одличен баланс на минерали кој придонесува за нејзината pH вредност од 7,6. МaYa е недопрена од човечка рака и го задржува тоа својство низ целиот процес од извирањето, полнењето, пакувањето, сѐ додека првпат не се отвори капачето. Низ целиот процес додека водата MaYa од изворот стигне до потрошувачите, врз неа не се вршат никакви интервенции, така што консументите добиваат чиста, планинска, природно филтрирана водаСовршената pH вредност ја прави MaYa идеален избор за сите што се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.
Стотици научни студии спроведени низ светот ги потврдуваат сознанијата кои веќе им се познати и на најмладите – конзумирањето вода во доволни количини е неопходно за да се постигне рамнотежа на организмот. Но, не е доволно само да се постигне рамнотежа, туку организмот мора да го одржи тој баланс за да функционира ефикасно. А за тоа одржување не треба само да се пие вода во големи количини, туку неопходно е таа да биде чиста, природна и со совршен баланс на минерали во нејзиниот состав.


Зошто количината на минерали во водата за пиење е толку значајна? Бидејќи односот на минералите го одредува нејзиниот карактеристичен вкус. Во различни населени места, градови, планини и сл., водите содржат минерали во различен сооднос, поради што имаат различен вкус. Но, балансот на минералите има големо влијание и врз pH вредноста на водата. Природната pH вредност на човечкото тело изнесува 7,4, вредност со која телото најефикасно функционира. Доколку во одредени ситуации таа вредност се помести многу нагоре или надолу, настанува дисбаланс во организмот кој значително може да се одрази врз здравствената состојба. Меѓу другото, може да доведе до зголемување на телесната тежина, намален имунитет и поголема изложеност на болести, намалена апсорпција на хранливите материи и сл.
Затоа, одржувањето на pH вредноста во границите блиску до 7,4 е неоходно за одржување на телото во добра здравствена кондиција. А тоа се постигнува со конзумирање вода со pH вредност која е многу блиску до природната. Подземните изворски води коишто не се хемиски третирани, ниту се модифицирани на кој било начин имаат pH вредност меѓу 7,2 и 7,8, што е совршена вредност за одлично здравје.

Loading...