Кампања „100 отсто фудбал“ на ФФМ за искоренување на национализмот и насилството

Loading...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, официјално ја промовираше кампањата „100 отсто фудбал“, со која ќе го искоренува национализмот и насилството од стадионите.
Кампањата се наметна по зачестените инциденти и инциденти и недолични скандирања на натпреварите од домашното првенство и на мечевите на националниот тим.Федерацијата како општествено одговорно здружение се залага за покренување на свеста за борбата против насилството и национализмот, како и против дискриминацијата од било кој вид, со што се надоврзува на платформата на УЕФА за почитување на играта во сите нејзини сегменти.„Почитувањето треба да е клучен принцип. Да се почитува играта, да се почитуваат правилата, судиите, противниците, навивачите. Да се почитуваат разликите. Нашата порака е јасна: нема толеранција на насилството. Место за национализмот на трибините нема. Фудбалот треба да ги обединува луѓето по сите основи, да ги промовира различностите и да ги повикува на меѓусебно почитување“, рече на промоцијата претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.Првиот човек на ФФМ изрази надеж дека пораките ќе стигнат до сите и дека раководствата на клубовите, навивачките групи и до сите граѓани. Во кампањата се вклучени интернационалците Агим Ибраими (Марибор) и Иван Тричковски (Клуб Бриж), како и играчите кои настапуваат во домашното првенство Остоја Стјепановиќ (Вардар), Емир Адем (Работнички) и Суат Зембери (Ренова).„Ние сме актери на теренот и ние треба да придонесуваме за фудбалот, навивачите се тука да навиваат, а не да навредуваат. Сведоци сме на многу случаи кога имало навреди и мислам дека е време да му се каже стоп на таквото однесување. Треба да се потрудиме сите заедно насилството и национализмот повеќе да немаат место во овој спорт. Фудбалот и било кој друг спорт треба да ги спојува, а не да ги раздвојува луѓето“, рече Зембери.
МакфаксФудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, официјално ја промовир

loading...
Loading...