Камчев открива нови детали: Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли

Сите обиди за рекет беа одбиени од моја страна затоа што бев свесен дека немам кривично дело и дека случајот „Империја“ е исконструиран случај за да бидам изрекетиран, за што има и докази, рече бизнисменот Јордан Камчев, кој денеска зборува во судот во својство на сведок во предметот „Рекет“, објавува „ПлусИнфо“, пренесува НетПрес.
Камчев во своето обраќање се наврати на почетоците на обидите за рекет и рече дека предметот „Империја“ е конструиран во август 2018 година а дека неговите режисери се присутни денес во судницата во Кривичниот суд. За Бојан Јовановски Боки 13 рече дека прво му барал реклама за 1 ТВ, а потоа му нудел проект за фешн-моливи. Прв пат разбрал дека против него е отворена постапка и дека е под ПИ мерки од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.
Камчев се сретнал со Димишков во болницата „Аџибадем Систина“ кога адвокатот му побарал 100.000 евра за да издејствува поблага мерка за бизнисменот за случајот „Империја“.
– Сите обиди за рекет беа одбиени од моја страна затоа што бев свесен дека немам кривично дело и дека случајот „Империја“ е исконструиран случај за да бидам изрекетиран, за што има и докази – рече Камчев.


На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Камчев рече дека истрагата против него почнала во јануари 2018, а во ноември истата година му бил одреден притвор затоа што не ги исполнил барањата на „тројцата играчи“ кои од него барале рекет.
Камчев рече дека индиректно имал комуникација и со обвинителката Лиле Стефанова, кај која бил распределен случајот „Империја“ и дека му било побарано да обезбеди деловен простор за стоматолошка ординација на блиска роднина на обвинителката Стефанова.
– Знаев дека немам вина и дека сѐ е измислено – рече Камчев.
Тој детално раскажа за неколкуте средби што се одржале помеѓу Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и неговата сопруга Ана Камчева кога почнал рекетот. На една од средбите бил и синот на Јанева, Лазар. На секоја средба, Боки 13 преку спикерфон зборувал со Јанева.
– Јас бев свесен што правам, но ако не го направев тоа и јавноста и народот ќе мислеа дека е криминал, а беше случај спакуван во целофан – рече Камчев зборувајќи за рекетот за случајот „Империја“.


Боки 13, како што рече Камчев, ја злоупотребил и потпретседателката на владата и му покажувал слики од неа и од Јанева.
– Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески – рече Камчев.
Тој сведочеше и дека Јовановски му кажал дека треба да даде милион евра и дека Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да се ослободи од обвиненијата вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да плати милион.

 

Извори: НетПрес

Loading...