Кжижевски се повлекува од селекторската функција

Loading...

Мајк Кжижевски, објави дека паралелно со завршувањето на сезоната во колеџ првенството на САД, планира да го заврши и својот мандат на клупата на националнот тим.

Тренерот на Универзитетот Дјук, во последните седум години беше селектор на кошаркарската репрезентација на САД.„Уживав, беше прекрасно да се работи со репрезентацијата во овој период. Ја оставам репрезентацијата во добра позиција, но треба и понатаму да се надоградува“, порача Кжижевски во разговорот за „ESPN“. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, а се очекува американскиот сојуз да го реши ова прашање до почетокот на летото. Мајк Кжижевски со репрезентацијата освои три титули, ОИ во Пекинг 2008 и Лондон 2012, како и на Светското првенство во Турција во 2010 година.
Макфакс
Мајк Кжижевски, објави дека паралелно со завршувањето на сезоната во колеџ првенството на САД,

loading...