Кина гради своја силна позиција во Азија, бара земјите да не бидат маша за поткусурување

Шефот на кинеската дипломатија: Земјите од АСЕАН да не бидат „шаховски фигури“ на големите сили

2

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска од Индонезија предупреди дека државите од регионот треба да избегнуваат да бидат користени од големите сили како „шаховски фигури“, во услови кога регионот е под ризик на преобликување на геополитичките фактори.

Говорејќи во секретаријатот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Џакарта, Ванг рече дека многу земји во регионот се под притисок да заземат страна.

„Треба да го изолираме овој регион од геополитичките пресметки, за да не се користат земјите како шаховски фигури во големото ривалство и да се спасат од принуда“, рече Ванг, додавајќи дека иднината на регионот треба да е во раце токму на државите од регионот.

Со оглед нејзината стратешка важност Југоисточна Азија долго време е област на геополитичко триење меѓу големите сили, при што некои земји во регионот калкулираат со изборот на страна во постоечкото ривалство меѓу САД и Кина, објавуваат светските агенции.

Говорот на Ванг доаѓа само неколку дена откако тој присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали.

На маргините на Самитот на Г-20 Ванг оствари петчасовна средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а обајцата првите меѓусебни разговори од октомври минатата година ги оценија како „искрени“

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.