КИРИЛ ЛАЗАРОВ: Кое е мажето кое е постојано лажна жртва?

Кои деструктивни структури кои гравитираат кон источните центри на моќ и им одговара крваво сценарио во Македонија?

Зошто се доведуваат во заблуда искрените патриоти?

Болна е таа потреба за внимание, а всушност не е реална и искрена кон членството на ВМРО ДПМНЕ, затоа што и Груевски нели беше херој и беше спремен да загине, но другиот ден си побегна за Унгарија на уживање, а другите си гнијат по затвори. Какво “херојство”, нели?
КИРИЛ ЛАЗАРОВ: Кое е мажето кое е постојано лажна жртва?

Тоа се најчестите поставувани прашања овие денови

На кого му одговара дестабилизација на мултиетничка држава, членка на НАТО, и кандидат за јасна европска преспектива, сигурно не на Владата, САД и Брисел, туку на Белград, Москва или Будимпешта. Едните заради геополитички интереси, другите заради нерешавање на косовското прашање, а третите заради заштита на криминал и корупција каде што мафијата има своја држава, мафијата има своја империја и Делчевски ниви.

Да ве потсетам, паранојата за преспанскиот договор од страна на ДПМНЕ и Мицковски беше иста или слична како сега. Само што овој пат е зачинета со трагикомичен обид да се престави како жртва врз која се подготвува атентат. Што секако не е прв пат, тој филм го гледавме и во предвечерието на Преспанскиот договор. Циркулира во јавноста виц дека Мицковски и Вучиќ секоја година ги убиваат по неколку пати и дека Чак Норис им е сериозно лут.

Болна е таа потреба за внимание, а всушност не е реална и искрена кон членството на ВМРО ДПМНЕ, затоа што и Груевски нели беше херој и беше спремен да загине, но другиот ден си побегна за Унгарија на уживање, а другите си гнијат по затвори. Какво “херојство”, нели?

Нека не се плаши Мицко, никој не сака да го убие, затоа што неговата вредност на политичка моќ е неупотреблива. Сценарио дека човек одалечен на стотина метри со пиштол кој воопшто не е вперен кон Мицковски и плус типот е од неговиот коалиционен партнер е сценарио кое не би верувале ни најмалите деца и класична договорка за глумење жртва.

Вистински жртви се оние кои секој ден протестираат, а тоа се чесните граѓани кои ќе бидат жртви на личните и теснопартиски интереси на Мицковски.

Да ги оставиме овие тинејџерски игри на страна, Македонија има сериозна работа пред себе. Она што го чекавме 30 години да го решиме еднаш и засекогаш, со мудрост и трпеливост.

Во вакви сериозни геополитички процеси, Македонија мора да биде во кругот на интересите на САД и ЕУ со свој достоен идентитет.

Некако повеќе им верувам на САД и ЕУ отколку на Мицковски.

На крај, јавно му нудам искрена помош на Христијан Мицковски за да може трезвено да размислува и да не го фаќа параноја два три пати неделно. Ако не му верува на МВР, бесплатно му ги нудам најдобрите професионални обезбедувачи на НИКОБ кои ќе му гарантираат сигурна безбедност и заштита. Затоа што во меѓувреме дел од неговото обезбедување станаа бизнисмени и рекетари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.