Клоп: Ова е фудбал

Loading...

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, по неверојатната победа на неговиот тим над Малага, истакнал дека не може да објасни како неговата екипа избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони.

Борусија до 90.минута имаше негатива од 1:2, но со головите на Ројс и Сантана, постигнати во судиското надополнување на времето, за прв пат по 1997 година избори пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа. „Не можам да објаснам што се случи, можам да кажам дека и јас бев сведок на сето тоа. Сите бевме на раб на инфаркт. Ова е фудбал, вака сето тоа треба да изгледа. Ова е најпозитивната страна на фудбалот. Сепак од друга страна жал ми е за Малага, момците навистина дадоа се од себе“, истакнал Клоп.  Тренерот на Борусија признал дека неговиот тим во играл лошо во двата меча со Малага, а како причина ги навел важноста на дуелите. „Бевме многу нервозни, Малага одлично се бранеше, а со лошата игра и ние и ја олеснивме работата. Сепак поради големиот морал морам да кажам дека заслужено минавме понатаму“, дополнил Клоп.
Макфакс
Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, по неверојатната победа на неговиот тим над Малага

loading...
Loading...