Кога влегувавте во оваа Влада, таму пишува Влада на Република Македонија, да не мораме тоа да го смениме, говореше Заев (ВИДЕО)

Вака денес изгледа Владата. Го чека новото име-Влада на Република Северна Македонија, на македонски и на албански јазик.

Заев тврдеше дека на Владата ќе пишува Република Македонија: Денес буквите отстранети за да се додаде „Северна“ (ВИДЕО)

И, останаа зборовите забележани на видеово. Сега кога ќе влегувате во истата таа Влада нема да може да прочитате “Влада на Република Македонија“ туку токму спротивното од тоа што го вети премиерот, како и многу пати до сега и како што го забележа странски новинар.
Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што неодамна изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво. Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Loading...