Кожув го победи МЗТ

Loading...

Кошаркарите на Кожув му го нанесоа првиот пораз на МЗТ оваа сезона на терените во Македонија. Избраниците на Марјан Србиновски, го победија актуелниот шампион со 83:80 по дополнителните пет минути, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 71:71.Кожув во поголемиот дел од натпреварот, против анемичниот МЗТ имаше предност, во еден момент од натпреварот таа изнесуваше 14 поени, но играчите на актуелниот првакна нешто повеќе од две минуит до крајот стигнаа до предност од три поени, но Кожув успеа да се врати во мечот, а со поените на Божовиќ на две секунди до крајот и да избори продолжение.Во дополнителното време Кожув до победата го предводеа Божовиќ и Пековиќ, токму овие двајца беа најефикасните играчи на Кожув, Пековиќ постигна 19, а Божовиќ поен помалку.Чековски со 22 поени и седум скока беше најдобриот играч на МЗТ на оваа средба. Инаку, МЗТ во финишот на мечот остана без Гечевски, кој поради повреда мораше да ја напушти играта.Работнички сериозно се доближи до пласман во плејофот во борбата за титулата откако на гостински терен, благодарение на играта во последната четвртина, ја победи Лирија со 89:81. Абукар со 24 поени и 14 скокови, односно Шарпер со 21 поен го предводеа Работнички до победата, во редовите на Лирија се истакнаа Симиќ со 21 и Морбан со 17 поени.Куманово стигна до втората последовна победа во Суперлигата, откако триумфираше над Фени индустри со 91:86. Костоски постигна 29, Ентони 26 поени, додека Луковиќ оствари импресивен ‘дабл-дабл’ од 16 поени и 19 скокови, во победата на Куманово. Кај Фени индустри, која го запиша четвртиот пораз во низа, со по 15 поени најефикасни беа Трајковски и Мекинтош.Табела: 1. МЗТ 5/1 , 2. Работнички 4/2, 3. Кожув 4/2 , 4. Куманово 2/4, 5. Фени индустри 2/4, 6. Лирија 1/6.
МакфаксКошаркарите на Кожув му го нанесоа првиот пораз на МЗТ оваа сезона на терените во Македонија. Избраниците на Марјан Ср

loading...
Loading...