Кои продукти се штетни за насмевката?

Loading...

Покрај газираните пијалаци и конзумирањето многу благи работи, постојат и продукти кои се многу здрави, ги внесуваме постојано, а тие се штетни за нашата блескава насмевка.
Сок од портокал
Киселата храна воопшто е штетна за забите. Иако е добро да се изеде еден портокал, цедењето на неколку портокали и цитрони е друга приказна. Сокот се лепи за забите и останува таму во текот на ноќта, а миењето на забите нема многу да помогне.
Преливи за салати
Балсамикото е идеален прелив за салата, но е многу кисел. Честата конзумација може сериозно да ги оштети забите. pH нивото од 5.5 може да ги загрози забите и да предизвика нивно растворање, па затоа треба да се внимава.


Млеко
Постојат различни мислења за прашањето дали млекото е добро за коските или не, но секако им штети на забите. Што почесто пиете течност која е густа, повеќе ќе се лепи за Вашите заби. Доколку обожавате млечни производи подобро е да конзумирате сирење.
Леб
Во лебот постојат скриени шеќери, слично како кај млекото или јогуртот. Што повеќе се задржува помеѓу забите, толку повеќе е штетен за денталната хигиена.
Сушено овошје
Сушеното овошје изобилува со шеќери кои се задржуваат на забите. Кога јадете нешто благо, бактериите во устата ги претвораат шеќерите во киселина и со само тоа устата се претвара во кисела средина. На тој начин настанува кариесот.

loading...