Колина: Чакир судеше добро, требаше да го исклучи и Фердинанд

Loading...

Некогаш најдобриот светски фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина, високо ја оцени арбитражата на Цинејт Чакир на натпреварот Манчестер Јунајтед-Реал Мадрид.

Италијанецот во живо го следел реванш осмина финалниот дуел, кој се одигра на „Олд Трафорд“ и на Чакир му даде оценка 8,2. Колина оценил дека Чакир добро реагирал кога го исклучил Нани, но во целата негова арбитража имал една замерка.Колина смета дека турскиот судија требало да го исклучи Рио Фердинанд, кој по натпреварот саркастично ракоплескал кон судиите. Јунајтед, против Реал до исклучувањето на Нани во 56.минута имаше предност од 1:0, но по 15 минути Реал направи целосен пресврт, со победата од 1:2 ’кралскиот клуб’ избори пласман во четврт финалето во Лигата на шампиони.
Макфакс
Некогаш најдобриот светски фудбалски судија, Пјерлуиџи Колина, високо ја оцени арбитражата на

loading...