Кремасто пилешко рижото

Loading...

300 г ориз
200 г пилешко филе
1,5 л пилешки бујон
1 главица кромид
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица кисела павлака
маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Во тава на врело маслиново масло пржете го кромидот додека омекне. Пилешкото исечкајте го на коцки, додадете во го во тавата и кратко запржете го. Додадете го оризот, зачинете со сол и црн пипер, и мешајте за оризот да ја впие мрснотијата. Потоа непрекинато мешајќи, постепено долевајте од врелиот пилешки бујон додека оризот не набабри и не омекне.
Пред самиот крај на готвењето, во рижотото вмешајте сечкан магдонос и кисела павлака. Тргнете од оган, покријте ја тавата со капак и оставете рижотото да отстои 5 минути пред послужување.

loading...