ЛАВРОВ: РУСИЈА Е ПОСИЛНА ОД ПРЕД ВОЈНАТА – СЕ ОБИДОА ХИТЛЕР И НАПОЛЕОН И БЕА ПРЕГАЗЕНИ

,,Русија е многу посилна отколку што беше пред избувнувањето на конфликтот во Украина, кој беше поттикнат од САД”, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

– Веќе се видливи резултатите од војната со Русија, која САД ја започнаа преку Украина. Го спомнавте проширувањето на НАТО, но клучниот резултат за нас и за другите е што Русија стана многу посилна отколку пред сите овие настани – рече Лавров обраќајќи им се на присутните на форумот во Доха преку Интернет.

Албански државјанин приведен кај месноста „Клобочишки пат“
На 06.09.2024 година во 11.40 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат – Табла“ во близина на Дебар, го приведоа Б.Х. (24) од Пешкопеја-Република Албанија, …
Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и …

Тој додаде дека така ќе биде додека не завршат борбените операции, пренесува Тасс.

Лавров потсети дека на почетокот на 19 век, Наполеон ја мобилизирал речиси цела Европа да ја нападне Русија, но таа го поразила и „по таа агресија станала посилна“.

Тој рече дека Хитлер го направил истото во средината на 20 век, кога ги мобилизирал повеќето европски земји да започнат агресија против Русија.

– И тој беше поразен и по таа војна станавме посилни – нагласи Лавров. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.