ЛЕВИЦА: СЕКРЕТАРОТ НА ОПШТИНА ОХРИД СИ ЈА ВРАБОТИЛ СОПРУГАТА И ЦЕЛА НЕЈЗИНА ФАМИЛИЈА

ПРОДОЛЖУВА НЕПОТИЗМОТ НА АЛЕКСАНДАР КИТЕСКИ И ДПМНЕ

Александар Китески, по промената на локалната власт, од страна на неговата партија беше назначен на функцијата Секретар на Општина Охрид.

ЛЕВИЦА КОНТРА ДПМНЕ, ПА СЕПАК ТОА НЕ ИМ ПРЕЧИ ДА СЕ ВО КОАЛИЦИЈА. ДАЛИ Е ОВА ТАКТИКА??

За нецела година од промената на локалната власт и од неговото поставување за секретар на општината, Александар Китески си ја вработил неговата сопруга Елена Китеска, како учителка во ОУ ,,Кочо Рацин” Охрид, на местото кое се ослободило по назначувањето на новата директорка на училиштето.

Додека другите просветни работници се вработуваат на опредено време, со договори на дело, сопругата на Александар Китески, веднаш добила решение на неопределено работно време.

Освен ова вработување, секретарот на Општина Охрид, во ЈП ,,Комуналец”, во наплатна служба, вработил блиска роднина на неговата сопруга.

Левица ЛО Охрид ги потсетува ДПМНЕ, дека ваквата појава се нарекува НЕПОТИЗАМ, но за ДПМНЕ, очигледно непотизмот е сосема нормала појава.

Извор: НароденГлас

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.