Лепа Брена планира да отвори свој музеј: Еве што ќе има во него

Loading...

Фолк sвездата сама ќе се грижи за музејот
Фолкерката и југословенска sвезда Лепа Брена (60) вели дека музеј во нејзина чест ќе биде одлична идеја и дека на тој начин ќе им покаже на помладите генерации што сторила во нејзината повеќедецениска кариера.
Брена се допре за куклите со нејзиниот лик, кои некогаш многу се продаваа.
– Чувам еден пакет Барбики, бидејќи тие имаат емотивна вредност за мене – рече музичката sвезда.
– Еден ден би сакал да направам мал музеј, кој ќе се вика: „Периодот и епохата на Лепа Брена“. Во него, покрај моите плочи и касети, филмови, костими, ќе се најдат и моите Лепи Бренички – истакна таа за Ало!
Брена исто така неодамна откри дека започнува свој нов бизнис:
– Сега подготвуваме нешто ново, и ќе се занимавам со неколку мали убави работи што ќе им бидат посветени на жените. Нешто наречено „Брена бјути“ и „Брена здравје“. Јас секако нема да се занимавам со мода, бидејќи модата им ја оставам на големите креатори во светот, и не сум вешта во то. Не верувам дека можам да се натпреварувам со нив. Нема да има шминка – мистериозна е пејачката, која додава:
– Сакам да покажам како живеам, што користам и што можете да користите за да останете витални и да се чувствувате добро, без разлика колку години имате – додаде Брена.

loading...